Млад американски кошаркар е нова жртва на Ковид-19

Ковид-19 уште еднаш покажа дека не бира кој ќе биде негова жртва. Младиот американски кошаркар Чед Дорил е најновата жртва на смртоносниот вирус. Студентот на државниот факултет во Северна Каролина немал никакви претходни болести, а почина од последиците на коронавирусот на само 19 години.

Чад го напуштил комплексот на факултетот и следел настава он-лајн откако му се појавиле првите симптоми слични на грип, како што се наведува во соопштението од школскиот психолог Шери Еверт.

 

Се вчитува...