Младата репрезентација на Србија со нов селектор ќе ја пречека Македонија

Фудбалскиот сојуз на Србија се одлучи за смена на селекторот на младата репрезенација Звонко Живковиќ. Живковиќ ја предводеше селекцијата на гостувањето во Охрид пред еден месец, и одигра 0:0, но смената дојде по поразот од Франција на домашен терен од 0:3 завчера.

Тоа значи дека Србија со нов селектор ќе ја пречека Македонија во март идната година. За селектор е назначен Александар Рогиќ, поранешен селектор на помладите селекции на Србија.

Покрај Србија и Франција, во нашата група се уште и Ерменија, Украина и Фарски Острови.

Србија освои само четири бода од четири натпревари, а Македонија има пет заедно со Фарски Острови. Украина е второпласирана со девет бода, додека Франција прва со 10 бодови.

Се вчитува...