Младата репрезентација по победнички финиш на квалификациите

Младата репрезентација до 21 година на Македонија, денеска со почеток во 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го игра претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП против селекцијата на Ерменија. Токму Ерменија е добра можност момците на Драган Канатларовски да се вратат на победничките патеки, и да имаат победнички финиш на квалификациите. После Ерменија, Македонија гостува на Украина во Истанбул.

Избраниците на Канатларовски веќе ја совладаа Ерменија на гостински терен, и сега посакуваат исто така победа на домашен терен, за потоа против Украина да се влезе со триумфална атмосфера.

„На овие натпревари повикавме млади играчи кои се очекува да играат и во наредниот циклус, а по квалификациските натпревари ќе бидат тестирани и на два контролни меча со селекцијата на Босна и Херцеговина. Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус“, рече селекторот Драган Канатларовски.

Се вчитува...