Младата селекција на тестови со Србија и Ц. Гора со 13 интернационалци на списокот

Македонската репрезентација до 21 година од 15. до 19. ноември во Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари, против Србија во Подгорица на 16. ноември и против домашната селекција на Црна Гора на 19. ноември.

Селекторот Добринко Илиевски го соопшти списокот репрезентативци за двата пријателски натпревари во Црна Гора на кои ќе се воигрува тимот за следниот квалификациски циклус.

„Двата натпревари во Црна Гора се наши први по завршувањето на квалификациите и убава прилика да провериме некои нови фудбалери кои се интересни за нас, а воедно да го воиграме тимот кој што треба да го понесе товарот во следните квалификации. Ќе им дадеме шанса на фудбалерите да видиме дали имаат репрезентативен квалитет, но без премногу експериментирање“ – вели селекторот Илиевски.

Собирот на младата репрезентација на Македонија е на 12. ноември, а два дена подоцна тимот заминува за Подгорица.

СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ТЕСТОВИТЕ СО СРБИЈА И СО ЦРНА ГОРА:

Голмани: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Филип ТРАЈЧЕСКИ (Струга Трим Љум), Томас БОЖИНОВСКИ (Виторија, Португалија);

Одбрана: Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Тодор ТОДОРОВСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Оддеволд, Шведска), Есмин ЛИЧИНА (Скопје), Оливер СТОЈМЕНОВСКИ (Работнички), Агрон РУФАТИ (Истра 1961, Хрватска);

Среден ред: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани АТАНАСОВ (Бурсаспор, Турција), Милош ТОШЕВСКИ (Земун, Србија), Андреј ТОДОРОСКИ (Фјорсдорфер, Австрија), Марко ФЕРУКОВСКИ (Кикерс Офенбах, Германија);

Напад: Даниел МИЛОВАНОВИЌ (Академија Пандев), Кристијан ТРАЈЧЕСКИ (Оливеира Хоспитал, Португалија), Милан РИСТОВСКИ (Кршко, Словенија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Викторија Жижков, Чешка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Марио КРСТОВСКИ (Академија Пандев), Емил АБАЗ (Бершот, Белгија).

 

Се вчитува...