„Младинец“ во Вардар, ама првотимец во А-тимот: Ангеловски со Велковски како стартер

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Дарко Велковски можеби под казна, со чудна одлука на раководството на Вардар е префрлен во младинскиот тим на актуелниот шампион, но неговите квалитети се неспорни, и селекторот Игор Ангеловски му верува дури и кога не е во натпреварувачки ритам. Тој ќе биде стартер на денешниот пријателски натпревар против Финска, што националниот тим ќе го одигра на „Глорија Арена“, со почеток во 17 часот по македонско време.

На голот ќе биде Столе Димитриевски, а заедно со Дарко Велковски, одбранбеното трио ќе го сочинуваат и Висар Муслиу и Кире Ристевски.

Во средниот ред, Стефан Спировски ќе биде последен играч за врска, а пред него ќе делуваат Енис Барди и Аријан Адеми. По страничните позиции се Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски.

Во нападот, капитенот Горан Пандев ќе биде во тандем со Илија Несторовски.

Натпреварот ќе може да се следи на ТВ платформата на ФФМ (www.ffm.mk)

Се вчитува...