Младинскиот репрезентативец Симуновиќ потпиша за Партизан

Младинскиот репрезентативец на Македонија Марко Симуновиќ потпиша професионален договор со белградски Партизан.

Десниот бек, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, досега беше дел и од младинските академија на португалски Сетубал но и Партизан со кого сега потпишува договор.

18-годишниот Симуновиќ со „црно-белите“ потпиша до јуни 2021 година. Со тоа што до крајот на актуелнава сезона ќе биде на позајмица во филијалата на Партизан, ФК Телеоптик.

Се вчитува...