Младинскиот репрезентативец Антовски една година во Славија Софија

Младинскиот репрезентативец Филип Антовски престојнава сезона ќе ја мине на позајмица во редовите на бугарскиот прволигаш Славија Софија.

Хрватскиот шампион Динамо Загреб се одлучи една година да го испрати Антовски на „калење“ во тимот од Софија.

Антовски е дел од списокот на Благоја Милевски за престојните два квалификациски натпревари на младата репрезентација на Македонија за пласман на ЕП, против Шпанија и против Фарските острови.

Се вчитува...