Младинската (М20) и кадетската репрезентација на Македонија денеска го имаа првиот собир во салата „Расадник“, каде нашите млади ракометари ќе одржат неколку тренинзи како мини-подготовки во наредниот период.
Селекторите Илиевски и Кузманоски ќе го искористат овој период за согледување на формата на ракометарите, но и за унапредување на колективот како подготовки за предизвиците што ќе следат во наредниот период.

Воедно, планирано е овие две репрезентации да одиграат и две меѓусебни средби, и тоа првата на 4 номври со почеток во 15 часот, а втората на 6 ноември, со почеток во 12 часот, и двете во салата „Расадник“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
