Младинците на Мулти Есенс го добија шампионскиот пехар

Младинците на Мулти Есенс победнички го подигнаа шампионскиот пехар, откако го победија Е.Пелистер 2 со 33-25. Оваа екипа и претходно ја обезбеди титулата, а сега само им беше предаден.

Пехарот заслужено патува кај оваа екипа, а најдобри стрелци на мечот беа Ѓокески и Матевски кои постигнаа по седум голови во убедливиот триумф.

Претходно во пионерската лига шампиони станаа Алкалоид.

Се вчитува...