Младинците на Њу Старс ремизираа со Црвена Звезда на пријателскиот дуел во Белград

Уште еден одличен натпревар на младите фудбалери на Њу Старс на мини-турнејата во Белград.

Генерацијата на фудбалери родени во 2004 година одигра натпревар без победник (2-2) со еден од најдобрите балкански клубови Црвена Звезда. Македонскиот состав бил подобар противник на терен со можност и за победа, но домашните успеале да извлечат реми. Стрелец на двата гола за Њу Старс беше Марко Треневски.

Претходно Њу Старс за време на турнеата во Белград ја совлада со 1-0 и екипата на Графичар, која претставува филијала на Црвена Звезда.

Се вчитува...