Младинците на Шкендија по сензација на „Пољуд“

Денеска младинската екипа на Шкендија го игра реваншот од квалификациите во младинската Лига на шампиони против сплитски Хајдук.

Хрватскиот тим има предност од 0:2 по првиот меч игран во Скопје, и сега треба само да го потврди пласманот во следната фаза.

На младите играчи на Шкендија, пак, им е потребна сензација за да се пласираат во второто коло.

Натпреварот се игра на сплитскиот стадион, култниот „Пољуд“ кој се очекува да има и публика, а тоа ќе биде поттик за младите играчи да почувствуваат една добра атмосфера.

Вака беше на првиот меч:

Се вчитува...