Младинците поразени и од Австрија на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија, откако денеска во групата за разигрување од 13. до 24. место беше поразена од Австрија со 28-24.

Нашите избраници одиграа едно израмнето прво полувреме против соодветната селекција на Австрија, по кое имаа негатива од само еден гол 15-14. Сепак, Австријците одиграа далеку посконцентрирано во одбраната во вториот дел и сето тоа беше доволно за конечен триумф од 28-24.

Поповски и Матески со по шест гола беа најефикасни во таборот на Македонија, додека кај победникот Лукас Фрич постигна седум гола.

Се вчитува...