Младинците со убедлива победа над Италија на последниот тест пред Европското првенство

Mашката младинска репрезентација на Македонија триумфираше на последниот контролен натпревар пред Европското првенство.

Македонските младинци со победа ги заокружија контролните натпревари низ подготовките за претстојното Европско првенство.

Во последната проверка пред заминувањето за Романија, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа репрезентацијата на Италија со 30-22, прикажувајќи сигурна и квалитетна игра која носи надеж пред настапите на престојниот европски шампионат.

Се вчитува...