Младинците желни за триумф над Австрија (фотогалерија)

Напорно се работи во таборот на младинската репрезентација на Македонија, чии членови се решени утре да го земат скалпот на Австрија и со тоа да го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Гибралтар. Желни за докажување, избраниците на Боби Милевски засилени со Елиф Елмас од У19 селекцијата работат на завршните детали околу анализата на противникот, за утре да се излезе на терен и да се потсети на извонредните резултати од последниот квалификациски циклус.

Генерацијата е речиси целосно променета, но Милевски е стратег што знае како да го извлече најдоброто од своите избраници. Австрија е ривал по мерка за тоа да се спроведе за дело, за уште еден одличен резултат на македонскиот репрезентативен фудбал во оваа 2017 година.

[new_royalslider id=”848″]

Се вчитува...