Ендрик е максимално разочаран во Реал Мадрид и очекува веќе во јануари да доби зелено светло да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, на позајмица или со перманентен транфер откако младиот Бразилец се чувствува изневерено и излажано од тренерот Жозе Мурињо.
Тинејџерот го мина вториот дел од ланската сезона на позајмица во Лион каде прикажуваше добри игри, постигнувајќи осум гола и пет асистенции. Управата на Реал ја отвори вратата за нова позајмица, но се беше блокирано десетина дена пред крајот на преодниот рок откако Мурињо инситираше Ендрик да остане бидејќи му е потребен во тимот.
Реалната слика е сосема спротивна, во нападот на Реал има огромна конкуренција, а Еспи се снаоѓа одлично како прва резервна опција за класичен напаѓач.
Ендрик досега има одиграно вкупно четири минути сезонава и јасно е зошто младиот Бразилец е исфрустриран. За кревање на формата потребни му се натпревари, па токму затоа тој веќе разговарал со клупските директори, барајќи зелено светло за уште сега да почне да си бара нов клуб за јануари.
Се очекува тогаш и Мурињо да не прави проблем, ако се знае дека дотогаш ќе се рехабилитира и Родриго, кој уште повеќе ќе ја засили конкуренцијата за навалната линија на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
