Младиот Ердон Даци од Вардар се сели во Коњаспор

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ердон Даци, од Вардар прави трансфер во редовите на турскиот клуб Коњаспор, објавија тамошните медиуми. Тој потпиша договор до 2020 година со турскиот прволигаш. Ова е уште едно заминување на млад и талентиран фудбалер на „црвено-црните“, за кого очигледно нема место во сениорскиот состав, на сметка на речиси идентични такви играчи кои пристигнуваат од странство.

Вардар ова лето го купи Мустафа Куајнор (19) од Гана, кој веднаш му го позајми на Пелистер, или пак Максим Максимов (21) од Тракаи, кој на крајот поради спор со литванскиот клуб и не е регистриран за настап во Лигата на Европа.

Ердон Даци е дете на Вардар, тој 12 години помина во младинската школа на клубот, беше дел и од генерацијата што настапи во квалификациите за ЛШ за младинци, а сега го напушта клубот и прави интернационален трансфер во Турција.

Се вчитува...