Младиот Јакимовски потпиша за Истра

Младиот македонски фудбалер Борис Јакимовски почнува интернационална кариера со потписот за хрватскиот клуб Истра. Тој се договори за двегодишна верност кон новиот клуб, потпишувајќи професионален договор, со опција за продолжување и за уште една дополнителна сезона.

Јакимовски потекнува од школата на Работнички, каде играше во генерацијата 2001 под раководство на Марјанчо Андрески.

 

Се вчитува...