Младиот Костиќ потпиша договор со еден од најдобрите бугарски клубови

Еден од најталентираните млади одбојкари на Македонија, Лука Костиќ потпиша договор со бугарскиот Марек унион ивкони.

Клубот е еден од најдобрите во бугарскиот шампионат, а во минатото од 2012 до 2015 година доминираа во шампионатот освојувајќи четири титули по ред.

Костиќ претходно во кариерата настапуваше за ОК Вардар, Будучност и Џио Струмица. Ова ќе биде одлична шанса за негово развивање бидејќи Бугарија традиционално има добра одбојка, а репрезентацијата е секогаш во врвот на европско и светско ниво.

20-годишникот беше еден од најзаслужните за освојувањето на бронзениот медал на Балканското првенство, а беше дел и од репрезентацијата која го освои сребрениот медал на неодамна завршената Сребрена европска лига.

Се вчитува...