Младиот македонски голман Василев пред трансфер во Порто! (ФОТО)

Младиот македонски голман Васко Василев е пред трансфер во португалскиот гигант Порто.

18-годишниот Василев, кој е член на белградска Црвена Звезда, е веќе приклучен низ тренажниот процес на португалскиот клуб па се очекува, доколку го мине последниот филтер, да потпише договор со поранешниот европски шампион.

Васко Василев е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, издвојувајќи се како еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал. Желбата на Порто да го ангажира македонскиот голман е само потврда на нескриените фудбалски квалитети на Василев.

Се вчитува...