Младите Французи максимално профитираа од наша грешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Франција ја оправда фаворитската улога со гостувањето во Скопје. Но, само резултатски. Играчки се очекуваше многу повеќе. Франција практично имаше доминација, но се очекуваше повеќе од нивните играчи во однос на шансите. А, таму во првиот дел имаа само една добра прилика, а во вториот дел добрите десетина минути ги крунисаа со гол кој на крајот се покажа како клучен за триумфот.

Имаа три шанси од 65 до 75 минута, потоа максимално профитираа од лошата реакција на Јован Манев, кој не расчисти како што посакуваше, па тоа го искористи Калулу кој погоди во мрежата на Денковски. 

А, селекции како Франција знаат да искорисат грешки. Тоа се покажа и вечерва кога профитираа од единствената грешка на македонската одбрана, за да дојдат до важни три бода, за првото место на табелата во квалификациите за играчи до 21 година.

Се вчитува...