Младите фудбалери на Шкендија против Хајдук ќе играат на „Пољуд“

Раководството на хрватски Хајдук одлучи младинскиот тим, кој ја пречекува Шкендија во рамките од 1. квалификациско коло во младинската лига на шампиони, да го игра својот меч на главниот терен на Пољуд, каде што мечевите ги игра сениорската екипа на сплитскиот тим.

Со тоа младите играчи ќе може да ја почувствуваат атмосферата на величествениот стадион, на кој се создава одлична атмосфера.

По првиот меч, Шкендија има негатива од 2:0, и се чини нема шанси за сензација, но играњето на величествениот „Пољуд“ ќе биде едно драгоцено исксутво за младите фудбалери на тетовскиот тим.

Мечот се игра во среда, 20. октомври во 17 часот. Судиите доаѓаат од Австрија на чело со Кристијан-Петру Киохирка. Помошници ќе бидат Санто Шрениер и Михаел Обрицбергер.

Се вчитува...