Младите имаат негатива на полувремето на мечот со Украина (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија има негатива од 0-1 по првото полувреме на мечот со Украина од квалификациите за ЕП 2023 кој се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Украинците беа подобар тим на теренот во Скопје, па сосема заслужено пред финишот дојдоа до предност со погодокот на Сирота во 42. минута од средбата.

Претходно Украина имаше уште три директни удари кон голот на Давид Денковски, а Македонија не упати ниту еден удар за 45 минути кон голот на Украинците.

Се вчитува...