Младите се собраа за мечот со Русија: Нов лик, нова борба за престиж и бодови!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска се собра пред подготовките за квалификацискиот натпревар против Русија кој не очекува на 23. март.

Селекторот Благоја Милевски со четворица дебитанти и петмина повратници, на кои не се сметаше на претходните собири, сега го очекува дуелот против Русија кој за нас е нова борба за престиж и бодови.

По двата претходни порази, од Гибралтар и од Австрија, Милевски најави и реализираше играчки промени во составот, но потенцира дека останува определбата за максимален ангажман кога се игра во националниот дрес за секој поединец. Тоа ќе биде и натаму водителка и околу тоа кој ќе игра за репрезентацијата…

„Не очекува дуел со силна репрезентација како Русија. Токму поради тоа верувам ќе реализираме квалитетни подготовки, иако е јасно дека секој поединец кога игра за националниот тим мора да го даде максимумот. Има промени во составот, се со цел да го подобриме квалитетот на игра но и генералниот изглед на оваа генерација. Тие што не се сега повикани не одговориле соодветно токму на оној предизвик да се даде максимумот за репрезентацијата… И сега против Русија ќе барам од секој да биде вистински пример со максималниот ангажман на терен, а дали сето тоа ќе биде доволно и за позитивен резултат против фаворитот останува да видиме“ – истакна на денешниот прв собир со репрезентативците селекторот Благоја Милевски.

Младата селекција, до мечот со Русија, тренинзите ќе ги одработува на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. По натпреварот со Русите, на 25. март се заминува за Австрија каде потоа на 27. март не чека и мечот со австриската селекција.

Се вчитува...