Младите во „полн ритам“ пред мечот со Ерменија (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија до 21 година е во Скопје, каде што интензивно се подготвува за предизвикот што ја очекува во рамките на квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од 9. коло во групата Х од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 2. јуни, со почеток од 17 часот.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во полн ритам и одлична атмосфера на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги реализираат финалните подготовки пред мечот со Ерменците. По овој натпревар Македонија потоа ќе го одигра и последниот натпревар од квалификациите, против Украина во Истанбул.

Се вчитува...