Младите во „турбо ритам“ на подготовките во Анталија (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија под водство на селекторот Благоја Милевски максимално активно ги одработува подготвителните денови во Анталија во очекување на стартот од натпреварите на меѓународниот турнир „Анталија куп 2019“.

Македонските надежи веќе втор ден во турскиот туристички центар ги реализираат мини-подготовките пред првиот дуел на турнирот против Украина на 22. март.

На „Анталија куп“, според програмата на организаторот, покрај дуелот со Украина, Македонија на 24. март ќе игра и против Летонија и на 26. март против Естонија, а нема да се соочи со Казакхстан на контролниот турнир во Турција од причина што двете селекции се во иста група во квалификациите за ЕП 2021.

Милевски за турнирот во Анталија смета на следните фудбалери:

Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа);

Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Ѓургарден, Шведска);

Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција)

Се вчитува...