Многу кандидати за „Промашување на годината“ во Серија А

Италијанските медиуми ги објавија десетте фудбалери кои ќе конкурираат за наградата „Промашување на годината“, која стана традиционална во Серија А, како спротивност на „Играч на годината“. Тоа се оние фудбалери од кои многу се очекувало, а имале очајна сезона.

Најмногу номинации има Интер, дури четири. Тоа се Жоао Марио, Евер Банега, Џејсон Мурилјо и Габриел Барбоса. На пример, Габигол дојде за сума од 30 милиони евра од Сантош, а речиси воопшто и да не заигра во дресот на „нероаѕурите“, по што беше испратен на позајмица во Бенфика.

Од тимот на Интер меѓу номинираните се Карлос Бака и Габриел Палета. Наполи е претставен од Никола Максимовиќ, од Рома се Хуан Итурбе и Томас Вермален, а десеттиот номиниран е од Палермо, голманот Јосип Посавец.

Оваа „награда“ низ годините ја добивале и врвни фудбалери како Ривалдо, Адријано, Виери, Милито и Пато.

Се вчитува...