„Многу ме интересира како ќе му биде на Новак без Вајда“

Поранешниот Дејвис куп репрезентативец на Швајцарија, Марк Росе смета дека ќе биде многу интересно да се гледа првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ без неговиот тренер Марјан Вајда.

Ѓоковиќ и Словакот неодамна одлучија да се раздвојат и да ја прекинат соработката по втор пат. Новак во меѓувреме се врати на теренот, но беше елиминиран уште на стартот на мастерсот во Монте Карло од Давидович Фокина.

„Има и понатаму нешто што ме мачи во врска со Новак Ѓоковиќ. Многу ме интересира како ќе му биде сега кога по долги години се раздели со Вајда. Минатиот пат кога го направи тоа, воопшто не му се исплатеше. Многу ме интересира што ќе се случи сега“, изјави Росе. 

Се вчитува...