„Коби беше најмалку виновен што Шек си замина од ЛА Лејкерс“

По доминацијата на Мајкл Џордан и Чикаго во деведесеттите години, многумина сметаа дека новите „владетели“ на НБА лигата кои дополнително ќе поместат границите ќе бидат Лос Анџелес Лејкерс со Коби Брајант и Шекил О’Нил, кои на почетоците на новиот милениум трипати ја креваа титулата.

Сепак, на патот на Лејкерс во 2004 година застана Детроит кој лесно славеше во финалето со 4-1, а поразот значеше и крај за „непобедливиот“ состав од Лос Анџелес. Шекил О’Нил замина во Мајами, а Коби чекаше се до 2009 година за нов прстен.

„Шек сам себе се победи против Детроит. Играше премногу пасивно. Имаше само еден голем натпревар. Премногу се фокусираше на нападот, но немаше ни приближно доволно концентрација во одбраната и скоковите“, изјави тогашниот помошен тренер на Лејкерс Текс Винтер, кој подоцна даде и објаснување за заминувањето на О’Нил.

„Неговите барања ја држеа франшизата како заложник, а тој начин воопшто не му се допадна на сопставеникот“.

За целата ситуација по 15 години проговори и денешната сопственичка на тимот, Џини Бас, ќерката на тогашниот газда на Лејкерс, која вели дека парите биле единствената причина за заминувањето на центарот.

„Шек бараше сума која беше дозовлена како колективен договор, но не му одговараше износот кој мојот татко сакаше да го плати. Дури потоа дојде моментот за трејд. Многумина веруваат дека Коби е крив за заминувањето на Шек, но тоа не точно целата ситуација се темели на пари“, изјави Џини во емисијата ‘Showtime Basketball’.

Се вчитува...