Усаин Болт вчера најави дека денеска ќе го обелодени својот прв чекор во фудбалската кариера, но тој воопшто не беше импресивен како што очекуваа голем дел од неговите фанови.
Дел од медиумите најавија трансфер во Мамелоди од Јужна Африка, оние оптимистите се надеваа на трансфер во Борусија Дортмунд или Манчестер јунајтед, но Болт утрово обелодени дека ќе игра фудбал на „Олд трафорд“, но за екипата на УНИЦЕФ.
Станува збор за ревијален натпревар што во јуни ќе се одигра на „Олд трафорд“, а на кој Болт за соиграчи ќе има бројни светски ѕвезди, меѓу нив и поп-музичарот Роби Вилијамс.
„Возбуден сум што можам да објавам дека ќе настапам за УНИЦЕФ на хуманитарниот меч на „Олд трафорд“ на 10 јуни“ – напиша Болт на своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА