Легендарниот британски атлетичар Мо Фарах на фантастичен начин го отвори Светското првенство во атлетика, кое ќе биде и последно во неговата богата кариера, освојувајќи го златниот медал во трката на 10.000 метри. Тој постигна време од 26:49.51 минути, што е најдобар резултат во последните шест години и покажа дека се уште е надмоќен во своите трки.
Џошуа Чептегеи од Уганда заврши на втората позиција, додека третопласиран беше Кениецот Тануи.
На тартан патеката се појави и најбрзиот човек на светот Усаин Болт и победи во четвртфиналната трка на 100 метри со време 10,08 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА