Трансферот на Мохамед Салах во Трабзонспор, по речиси една деценија помината во Ливерпул каде што 34-годишниот Египќанец се стекна со статус на клупска легенда е една од главните трансфер-саги ова лето, а таа се уште не е завршена.
Египќанецот потпиша двегодишен договор според кој ќе заработи дури 17 милиони евра, а клубот успеа да ја покрие таа сума преку продажбата на дресови, иако добивката ја поделија на половина со Салах.
На стадионот „Шенол Ѓунеш“ се собраа 20.000 луѓе за да присуствуваат на претставувањето на третиот најдобар стрелец во богатата историја на „црвените“, а градоначалникот на Трабзон, Хусеин Авни Џошкун Чеби, смета дека ни тоа не е доволно.
Чеби смета дека Салах треба да добие парцела земјиште. Градоначалникот го одведе Египќанецот на локацијата што планира да му ја подари и ја изрази желбата тој да остане таму да живее и по завршувањето на својата фудбалска кариера.
„Така, на вашите деца и внуци ќе им остане прекрасна парцела која нема да биде погодена од климатските промени“, изјави градоначалникот на Трабзон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
