Модриќ: Анчелоти е неверојатен, Мурињо знае да биде тврд, но е искрен, а Бенитез…

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ говореше за своите поранешни тренери Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Рафаел Бенитез. Модриќ во кралскиот клуб е од 2012 година и соработуваше со сите стратези, за кои има само зборови на пофалба.

„Мурињо беше клучен за моето доаѓање во Мадрид. Штета што соработувавме само една година, бидејќи е одличен тренер. Тежок карактер е, некогаш многу тврд, но беше искрен и тоа многу го почитувам. Анчелоти е спектакуларен како тренер, а уште подобар како човек. Добро се сложувам со него и се уште често разговараме. Бенитез исто така е добар тренер, но немаше среќа во Реал. Тоа е фудбалот, не успева секој добар тренер во секоја екипа“, изјави Модриќ. 

Модриќ на „Сантијаго Бернабеу“ е од 2012 година, а во тој период успеа дури четири пати да ја освои Лигата на шампионите, а во 2018 година го доби признанието за најдобар фудбалер во светот.

Се вчитува...