Модриќ бара состанок со Перез, ќе следи ли барање за трансфер?

Егзодусот од Реал Мадрид со заминувањата на Зинедин Зидан и на Кристијано Роналдо би можел да продолжи, откако Лука Модриќ многу сериозно почнал да ја разгледува понудата од Интер за неговите услуги. Финансиските детали не се договорени, но Модриќ на 33-годишна возраст смета дека е дојден момент за последен предизвик во кариерата.

Извонредниот плејмејкер моментно се наоѓа на одмор во Италија, но веќе најавил дека по враќањето во Мадрид сака средба во четири очи со Флорентино Перез. Мотивите не се познати на јавноста, но се погласни се шпекулациите дека Хрватот ќе му соопшти на првиот човек на Реал дека сака да ги промени клупските бои.

Дури и доколку тоа се случи, Интер поради финансискиот ферплеј нема можност да го откупи договорот на Модриќ со Реал летово, освен доколку клубовите не се договорат за едногодишна позајмица, со можност следното лето „нероаѕурите“ да платат поголемиот дел од сумата за Хрватот. Флорентино Перез досега беше критикуван поради преголемата пасивност и неносењето на адекватна замена за Кристијано Роналдо, па евентуалното заминување на Модриќ може уште повеќе да го зголеми незадоволството од работата на првиоот човек на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...