„Модриќ е најдоброто засилување во Серија А“

Искусниот италијански тренер Серсе Косми анализирајќи ги водечките тимови во италијанскиот фудбал за време на репрезентативната пауза имаше интересна изјава означувајќи го Лука Модриќ како најдобар трансфер на сезоната.

Модриќ по деценискиот престој во Реал Марид ја промени средината и го засили Милан за кој на стартот на сезоната пружа фантастична игра.

„Модриќ е најдоброто засилување во Серија А. Носи квалитет, менталитет и искуство кое може да го промени целиот тим“, изјави Косми.

Се вчитува...