Модриќ и Крос остануваат во Реал Мадрид, но ќе имаат друга улога?

Лука Модриќ и Тони Крос е двоецот кој ја одбележа доминацијата на Реал Мадрид во изминатата децецнија. Хрватот и Германецот се заслужни за голем број на трофеи на „кралскиот тим“, а нивната работа не е завршена ниту оваа сезона во која тимот од Мадрид се бори за уште два трофеи, овие во Лигата на Шампионите и Купот на Шпанија.

Во последните денови се појавија информации дека двајцата ќе го продолжат договорот со клубот на уште една сезона, а сега медиумите во Шпанија откриваат и каква ќе биде нивната улога во тимот.

Во сезоната која следи воедно се очекуваат и нови засилувања во средината на теренот па Модриќ и Крос нема да бидат стартери, туку ќе даваат драгоцени минути од клупата и ќе имаат менторска улога за подготовка на генерацијата која следи. 37 и 33 годишникот ќе бидат од голема помош за младите и во справувањето со притисокот кој го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...