„Модриќ или Пирло? Нема дилема…“

Прославениот стопер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија кој сега работи како стручен аналитичар за британскиот медиум „БТ Спорт“, Рио Фердинанд доби интересно прашање кој е подобар Лука Модриќ или Андреа Пирло.

Фердинанд ја одбра хрватската легенда пред италијанската велејќи дека за тоа воопшто нема дилема, а само два велемајстори се во рангот на Модриќ.

„Модриќ или Пирло? Тука воопшто нема дилема. Модриќ. Кога говориме во најдобрите играчи за врска на сите времиња Пирло не може да биде во конкуренција со Модриќ. Само Чави и Иниеста“, вели Фердинанд.

Се вчитува...