Модриќ: Одигравме совршен натпревар

Фудбалската репрезентација на Хрватска оствари огромна победа (3-0) над Аргентина и се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Русија, како првопласирана селекција од групата Д. По две кола, „коцкестите“ имаат максимални шест бода.

Играчот за врска Лука Модрич, кој постигна прекрасен погодок против „гаучосите“, вели дека Хрватска вечерва одигра совршен меч.

„Мислам дека одигравме токму како што посакувавме, совршен натпревар, особено во второто полувреме. Против Аргентина и мора да бидете совршени доколку сакате да победите. Постигнавме три фантастични гола, навистина ни се отвори вечерва. Најважно е дека одигравме голем меч во текот на сите 90 минути, и ја исполнивме првичната цел, да се пласираме во осминафиналето на Мундијалот“, изјави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ.

Се вчитува...