Лука Модриќ поради сериозна повреда на лицето мораше да го пропушти финишот од оваа сезона, но хрватскиот генијалец ги израдува навивачите на Милан откривајќи дека е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“.
Актуелниот договор со 40-годишниот Хрват истекува летово, тој не крие дека сака да остане, па дури и да освои трофеј со Милан пред да ја заврши својата кариера.
„Јас сум среќен во Милан, но не сакам да зборувам однапред. Во моментов најважно од се е да славиме против Калјари в недела и да се пласираме во ЛШ. За се останато, ќе видиме, но јас имам одличен однос со сите во клубот и верувам дека брзо ќе се договориме. Кога го избрав Милан, реков дека доаѓам да помогнам да победуваме. Сезонава тоа не се случи, но јасно е дека сакам да освојам трофеј со овој клуб“, истакна Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
