Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206 натпревар за репрезентацијата на Хрватска против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.
Модриќ играше до 66. минута од натпреварот во Сплит, во кој тимот претрпе пораз од 2-1, кога беше заменет од Петар Сучиќ.
По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ.
„Што да коментирам? Кукуреља сам се намести. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР… Да останевме бројчано израмнети на теренот, сигурно немаше да загубиме. Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“, изјави Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
