На хрватскиот капитен Лука Модриќ тешко му падна историскиот дебакл против Англија на „Рујевица“.
Хрватите беа поразени со 0-7, што претставува најтежок пораз во историјата на хрватската репрезентација, а легендарниот играч за врска изјави дека во своите две децении во националниот тим никогаш не се чувствувал како по овој натпревар.
„Тешко е да се најде објаснување за ваква игра без дуели, прекршоци, агресивност, заедништво… Тука сум 20 години, но првпат чувствувам срам по натпреварот. Може да се загуби, некој може да биде подобар, а тие во моментов се подобри, но да се загуби на ваков начин и така да се прокоцка угледот што сме го граделе со години, е неприфатливо. Навистина се срамам“, рече Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
