Вчера, играчите на Евертон беа поразени од Челси во Лондон со резултат од 2:0 во рамките на 16-тото коло од Премиер лигата.
Овој исход беше очекуван, а на прес-конференцијата по натпреварот менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, се истакна, како и секогаш немаше „влакна на јазикот“ и ја објасни, според него, суштинската разлика помеѓу овие два тима во овој момент.
„Разликата меѓу двата тима е милијарда фунти “, рече Мојес со насмевка.
Инаку, вредноста на тимот на Евертон според Transfermarkt е 400 милиони евра. Според истиот извор, тимот на Челси вреди 1,18 милијарди евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

