Мојс во Вест Хем носи двоец од Манчестер Јунајтед

Вест Хем е на добар пат да обезбеди опстанок во англиската Премиер-лига. Дејвид Мојс беше доведен да го спаси клубот од испаѓање, а со победата над Челси опстанокот е речиси сигурен.

Доколку екипата обезбеди опстанок, извесно е дека Мојс ќе остане на клупата и следната сезона, па затоа ќе мора веднаш да почне со формирање на ростерот. Тој за почеток има две желби од „Олд Трафорд“ кои се достапни. Се работи за Фил Џоунс и за Џеси Лингард. Двајцата искусни фудбалери не се во плановите на Оле Гунар Солскјер кој веднаш по завршувањето на сезоната ќе се обиде да ги продаде како би можел да заработи од нивните трансфери.

Се вчитува...