Моќниот Партизан го прегази Асвел

Кошаркарите на Партизан дојдоа до првата победа во новата сезона во Евролигата триумфирајќи убедливо на гостувањето против Асвел Вилербан со 62-88 (13-17, 16-26, 19-29 и 14-16).

Екипата на Жељко Обрадовиќ сезоната ја почна со пораз од Макаби Тел Авив, за да сега против Асвел го пробие мразот сезонава и дојде до првата победа, без апсолутно никакви проблеми.

Нанели со 17 поени и Ледеј со 13 поени беа предводници во победата на Партизан, а Смаилагиќ мечот го заврши со 12 поени.

Басконија триумфираше со 86-91 на гостувањето против Алба Берлин. Панатинаикос, пак, со 78-71 триумфираше против Баерн.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...