Моќта на Работнички ја почувствува и Шкупи (113-62)

Работнички не запира со победите и по 16 натпревари во Првата лига на Македонија, на свој терен овој пат беа убедливи против Шкупи со резултат 113-62. Тимот од „Градски парк“ без поголеми проблеми против аутсајдерот во оваа пресметка забележа нови бодови со кои се зацврстува на врвот на табелата, со максимални 32 бода од 16 меча.

Кошаркарите на Докузовски тргнаа сигурно од првата минута, веднаш ја презедоа иницијативата на мечот и веќе по 12 минути игра имаа двоцифрена предност. Гостите од Чаир беа на праг до нов дебакл, а до крајот на средбата Работнички им нанесе срамен пораз со огромни 51 поени разлика.

Гинјард и Костов завршија со по 18 поени постигнати за домашната екипа, Ефремовски реализираше 14, Крстевски 12, Мираковски 10 поени. За Шкупи како најефикасен се истакна Догбо со 16 поени, Мемет додаде 12, а Рендолф и Хил со 11, односно 10 поени.

 

Се вчитува...