Реал Мадрид по првото полувреме има предност од 0-1 на гостувањето против Барселона, дело на Килијан Мбапе пред самиот крај на полувремето.
„Кралевите“ одлично ги затворија приодите кон сопствениот гол, а потоа и успеаја први да го отворат резултатот, со многу среќа откако Мартин несмасно интервенираше, топката го удри Мбапе и заврши во мрежата на Жоан Гарсија.
Барса најубавата шанса ја имаше веднаш по примениот гол, Ламин Јамал се најде во идеална ситуација „еден на еден“ со голманот Лунин, но „бисерот“ на каталонскиот гигант биеше крајно непрецизно.
Реал има предност, но се чини дека вистинските возбудувања допрвва следат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
