Молк во Мадрид – Зијеш носи водство на Ајакс (видео)

Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид се во шок по само неколку минути игра од дуелот со Ајакс, откако гостите од Холандија поведоа на „Сантијаго Бернабеу“.

Варан од идеална позиција ја затресе гредата од голот на Ајакс, а казната стигна на спротивната страна, Тадиќ го проигра Зијеш, а крилниот офанзивец натрча и со прецизен удар од петнаесетина метри го совлада Куртоа.

Се вчитува...