Молк во Неапол – Гризман донесе израмнување (видео)

Барселона успеа да се врати од негативата од еден гол на гостувањето во Неапол и да израмни на 1-1 на „Сан Паоло“, благодарение на Антоан Гризман.

Каталонците конечно ја претворија иницијативата во конкретна шанса, Семедо втрча од позадина по десната страна, одлично го проигра Гризман, а францускиот ас немаше тешка задача да го совлада Оспина.

Во меѓувреме, жолт картон заработи Бускетс, кој поради суспензија ќе мора да го пропушти реваншот на „Камп Ноу“.

Се вчитува...