„Молњата“ од Дортмунд: Халанд истрча 60 метри за само 30 стотинки побавно од светскиот рекорд (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд веќе не е сензација. Норвешкото чудо е вонсериски талент кој е неверојатно брз и умешен пред противничкиот гол. На синоќешниот меч од Лигата на шампионите имаше неверојатен спринт. Статистичарите на „Скај Спортс“ измерија дека тој истрча 60 метри спринт за 6,64 секунди и влезе во гол шанса, а тоа е само 30 стотинки побавно од светскиот рекорд во оваа атлетска дисциплина кој е сопственост на американскиот спринтер Кристијан Колмен (6.34 секунди). Ако се знае дека Халанд тоа го направи обидувајќи се и да ја исконтролира топката, јасно е дека тој е „молњата“ на Борусија Дортмунд.

Норвежанецот стана првиот фудбалер во историјата на Борусија Дортмунд кој во дебито за „милионерите“ постигнал гол во Бундес-лигата, во Купот на Германија и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...