Момент за историја: Баерн Минхен со „шпалир“ за Левандовски

Роберт Левандовски со денешниот погодок од пенал против Фрајбург стигна до вкупно 40 овосезонски голови во дресот на Баерн во Бундес-лигата.

Со ова извонредниот голгетер го израмни рекордот на легендарниот Герд Милер, а фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Баерн му направија „шпалир“ на својот напаѓач, за одбележување на ова извонредно достигнување.

Се вчитува...