Монако го освои и Нанси, титулата е на дофат

Монако направи уште еден чекор напред кон титулата во Франција откако вечерва славеше со убедливи 0-3 на гостувањето против Нанси. Поразот од Јувентус во ЛШ не остави посериозна трага врз самодовербата на „кнезовите“, кои одиграа беспрекорно, а победата си ја осигураа уште во првото полувреме со головите на Жермен и на Бернардо Силва.

Тренерот Жардим го остави Мбапе на клупата, младиот голгетер влезе во игра во 80. минута и веднаш остави свој печат, промашувајќи една одлична шанса пред несебично да му асистира на Лемар при третиот погодок за „кнезовите“.

„Кнезовите“ на две кола до крајот имаат три бода предност, но и натпревар помалку во однос на второпласираниот ПСЖ, со што сега на преостанатите три средби им е доволна само една победа за да приредат огромно изненадување и да го симнат актуелниот првак од тронот на францускиот фудбал.

Valere Germain Goal HD – Nancy 0 -1 Monaco – 06… by FansBarcelona

Bernardo Silva Goal HD – Nancy 0 -2 Monaco – 06… by euro-goal-tv

Thomas Lemar Goal HD – Nancy 0 -3 Monaco – 06… by Video-Sport

Се вчитува...